Skip to main content

НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид

Денес ќе биде промовирана книгата „Пред црковните порти“ од Смиле Наумовски – Брсјак

Промотoри ќе бидат проф. д-р Кристина Николовска и м-р Милчо Јованоски, а промоцијата ќе се одржи во Прличевата одаја на библиотеката со почеток во 13 часот.
 |  инфодеск  | 
Библиотека

НУ Библиотека „Григор Прличев“ заедно со Општина Охрид во чест на денот кога Прличев во Атина е овенчан со ловоров венец за поемата „Сердарот“ денес организираат промоција на збриката раскази „Пред црковните порти“ од Смиле Наумоски – Брсјак.

-Меѓу кориците на оваа книга на Брсјак, треперат дваесет приказни на границата меѓу доброто и злото, сонот и реалноста, стварноста и илузијата, можното и неможното, реалното и посакуваното. Насловниот расказ, во духот на нашата најдобра книжевна традиција, пред петнаесет години ја освои првата награда на конкурсот за расказ „Живко Чинго“, се вели во соопштението од НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид.

Промотoри ќе бидат проф. д-р Кристина Николовска и м-р Милчо Јованоски, а промоцијата ќе се одржи во Прличевата одаја на библиотеката со почеток во 13 часот.