Skip to main content

културата расте со децата

Денес ќе биде промовирана книгата „Во домот на пастрмката“ од Александра Велинова

Настанот ќе се одржи во 12:00 часот во Музејот на вода.
 |  инфодеск  | 

Во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“ денес во Музејот на вода во Заливот на коските ќе биде промовирана книгата „Во домот на пастрмката“ од Александра Велинова.

Дојдете заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на животната средина и Денот на екологијата, порачуваат организаторите.

Настанот ќе започне во 12:00 часот.