Skip to main content

Н.У Библиотека Григор Прличев

Денес ќе биде промовирана стихозбирката „Поезија извор од душата“ од Љубица П. Чифлигароска

Стихозбирката е лепеза од песни со разни теми испреплетени со емоции и чувства, а доминира љубовта од секој вид. Книгата е отпечатена со финансиска поддршка на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 
Библиотека

Денес од 17 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана најновата поетска книга од Љубица Петреска – Чифлигароскан од Охрид со наслов„ Поезија извор од душата“.

Стихозбирката е лепеза од песни со разни теми испреплетени со емоции и чувства, а доминира љубовта од секој вид. Книгата е отпечатена со финансиска поддршка на Општина Охрид. На настанот ќе говорат рецензентот проф. д-р Менде Солунчевски  и промоторката Билјана Солунчевска, велат од установата.

Песни од стихозбирката пред присутните ќе читаат Ана Цонева и Јана Диданова, членки на библиотекарската секција од ООУ „Григор Прличев“ предводени од професор Наташа Митреска, како и гимназијалците Матеј Маркоски и Надица Тасеска.

Авторката Петреска – Чифлигароска на неколку основни училишта и на библиотеката ќе им врачи благодарници и примероци од стихозбирката.