Културолошка Иницијатива „5 до 12“
Денес ќе се одржи традиционалната староградска пловидба „Ој љубов, љубов“
Збирното место на сите пловни објекти е плажата Канео од 17:30 часот. Во 18:30 часот настанот може да се посети и од копно на Старото пристаниште – Островче.
Денес традиционално ќе се одржи 6. по ред најохридски настан на годината.
–Традиционално, во 17:30 часот е збирното место на сите пловни објекти, искучиво со веслање, е плажата Канео. Се плови до Старото пристаниште – Островче и во 18:30 часот настанот може да се посети и од копно. Дојдете и оваа година, во еден глас да ги испееме сите охридски и македонски песни и да останеме доследни на нашето, од традицијата подарено, велат организаторите.
Настанот е во организација на Културолошка иницијатива 5 до 12, а во рамки на Алтернативното културно лето.