Skip to main content

Културата расте со децата „За сите деца“

Денес на сцената во Охрид Мол ќе биде изведена детската претстава „Пипи Долгиот Чорап“

Со почеток во 19 часот, Охрид Мол ќе ја пречека легендарната Пипи Долгиот Чорап во детска претстава која најавува многу смеа, авантури и незаборавни моменти за најмладите.
 |  инфодеск  | 

Вечерва со почеток во 19:00 на сцената во Охрид Мол ќе биде изведена детската претстава „Пипи Долгиот Чорап“. Како што најавуваат организаторите ќе оживее магијата на детството, а најомилената хероина со црвени плетенки, ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП ќе ни покаже што значи храброст, другарство и бескрајна фантазија.

-Дојдете со вашите најмили на претстава што инспирира, охрабрува и насмевнува!, порачуваат организаторите.