Денес почнува 63тото издание на Балкански фестивал
Денес со почеток во 20:30 часот почнува 63тото издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во ЦК „Григор Прличев“. Пред тоа, со почеток во 19:30 од пред ЦК „Григор Прличев“ учесниците ќе продефилираат низ чаршијата.
На свеченото отворање ќе настапи ансамблот Танец.
Утре ќе настапат Севернашки ансамбл од Р. Бугарија, КУД Илинден од Битола со Музичко сценскиот проект „На Панигир” – ора и песни од Јужномакедонска Етнографска целина и ФА Љупчо Сантов од Оризари, Кочани, Р.С.Македонија (сплет на Ора од Осоговијата).
Во петок ќе настапат Севернашки ансамбл од Р. Бугарија, Фолклорно студио Блажески од Скопје, Фолклорен ансамбл Бисери од Охрид и КУД “Круг” од Сиднеј и КУД “Бенџо” од Мелбурн, Австралија.
Манифестацијата се одржува под покровителство на Собранието на РС Македонија, со поддршка на Министерството за култура и Општина Охрид. Влезот за сите вечери е слободен.