Денес промоција на две стихозбирки со потпис на битолчанката Дана Тембелеска

Денес од 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе гостува поетесата Дана Тембелеска.
–Професор д-р Гордана Такец ќе ги промовира двете нови стихозбирки на Тембелеска со наслов: „Капка среќа“и „Наслед (е)на љубов“, а авторката сама ќе ги чита сопствените стихови, се вели во соопштението од библиотеката.
Додаваат дека во првата стихозбирка поетесата сонува и пее за подброто утре, а во втората книга на пиедесталот е татковината – Македонија. Повеќе прозно отколку лирски во неа ја прикажува суровата реалност.
Дана Тембелеска е поетеса која со силна гласност ја најавува својата поетска мисла. Таа е силна жена, смела и храбра како личност и моќна со стиховите. Тембелеска, како што вели самата цел живот ја носи во себе љубовта кон пишаниот збор во сите форми. Зад себе има бројни награди и признанија а е член на Литературниот клуб од Прилеп. Подготвува книга за деца а од неодамна успешно се занимава со пишување афоризми, но и хаику поезија.

Latest Сцена & Муабети
