Програма за деца на Општина Охрид
Театарска претстава „Разгалениот принц“ денес за најмалата публика во Охрид
Претставата е детска комедија, со многу едукативни и педагошки елементи кои се од особено значење за децата.
Во рамките на проектот – „Културата расте со децата“, денес со почеток во 20:00 часот на бината кај ТЦ Амам ќе се одржи театарската претстава за деца „РАЗГАЛЕНИОТ ПРИНЦ“.
Претставата е детска комедија, со многу едукативни и педагошки елементи кои се од особено значење за децата. Продукцијата е на Театар Хит од Скопје, а играат актерите Магдалена Ризова – Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов.
Настанот е дел од Програмата за деца на Општина Охрид.