Skip to main content

Културата расте со децата „За сите деца“

Денес за најмладите детската театарска претстава „Супер Вселенко и роденденската торта!“

Претставата започнува во 12:00ч.
 |  инфодеск  | 

Денес во Општинското основно училиште Свети Климент Охридски Охрид (училишна сала за претстави) ќе биде изведена детската театарска претстава „Супер Вселенко и роденденската торта!“.

-А, дали сте подготвени за една нова вселенска авантура? Дојдете заедно ќе влеземе во мисија да ја спасиме роденденската торта на Вселенко! Вие растете со културата, а Културата расте со Вас!, велат организаторите.

Претставата започнува во 12:00ч, а организатор е Општина Охрид.

Во претставата играат Изабела Јакимова, Гоце Андонов и Анастасија Ласовска како дел од професионалната актерска екипа на Театар за тебе.