Денес за најмладите книжевен хепенинг и детската театарска претстава „Снежана и нејзиниот принц“

Во рамки на проектот Културата расте со децата „За сите деца“ денес на плоштадот „Вангел Наумоски“ ќе се одржи книжевен хепенинг и детска театарска претстава.
-Петочна вечер исполнета со култура, фантазија и детска радост! Ве покануваме на две прекрасни случувања за најмладите, на сцената кај плоштадот „Вангел Наумоски“ (мини маркет), велат организаторите.
Од 19:30 часот ќе биде одржан Книжевен хепенинг во рамки на кој ќе можат дечињата да ги запознаат авторите на омилените детски книги, да откријат нови изданија, учествуваат во креативни работилници и да го истражат мини саемот за деца. Од 20:30 часот ќе биде изведена Детска театарска претстава „Снежана и нејзиниот принц“ во изведба на Балада Арт Продукција – театарска бајка што ќе ги воодушеви и децата и возрасните.