Skip to main content

Денес за најмладите театарската работилница „Љупка и Љубица“

Работилницата започнува во 12.00 часот во просториите на ООУ „Братство Единство“.
 |  инфодеск  | 

Во рамки на проектот на Општина Охрид Културата расте со децата „За сите деца“, денес ќе се одржи театарската работилница „Љупка и Љубица“.

Организаторите велат дека станува збор за две девојки кои преку интерактивна и едукативна игра ќе ги водат дечињата низ работилницата со „Љупка и Љубица“.

Работилницата започнува во 12.00 часот во просториите на ООУ „Братство Единство“.