Skip to main content

„Детектор за лаги“, уште еднаш пред охридската публика

Во недела 13-ти декември, во Центарот за култура „Григор Прличев“, повторно ќе биде поставена театарската претстава, „Детектор за лаги.

плакат

Во недела 13-ти декември, во Центарот за култура „Григор Прличев“, повторно ќе биде поставена театарската претстава, „Детектор за лаги.

плакат„Детектор за лаги“ дело е работено по текст на Василиј Сигарев, додека режијата е на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.

детектор за лаги За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.

Станува збор за едноставна приказна за двајца сопружници кои имаат нарушени односи, а кои проблемите се обидуваат да ги решат со помош на психијатар – хипнотизер. Но тогаш се откриваат тајните и лагите со кои сопружниците живееле со години и почнува голема театарска комедија.

Влезниците за претставата се веќе пуштени во продажба, по цена од 100 денари.