Детската театарска претстава „Џинче” во НУЦК „Григор Прличев”- Охрид

Детската театарска претстава „Џинче” ќе се прикажува на малата сцена во НУЦК „Григор Прличев”-Охрид во вторник 11.03.2025 година.
Претставата „Џинче” е работена со сенки и Џин кој е избркан од нивниот свет и раскажува за искреното другарство и предрасудите. Ќе се прошетаме низ возбудлива авантура низ градот на сладоледите, ќе запловиме со чудниот капетан и ќе вкусиме мексичко бурито.
Претставата е работена по мотиви на книгата „Најдобриот Џин во градот” од Џулија Доналдон. Наменета е за деца од 3-13 години и се прикажува на малата сцена во НУЦК „Григор Прличев”-Охрид во вторник 11.03.2025 година со почеток во 19.00 часот, влезницата изнесува 150 денари.
Сенкаши: Филип, Кате, Даре, Родне, Александра, Круме
Музика: Пеџа и Влад
Плакати: Ивона и Пеџа
Претставата е наменета за деца над 3 години.
Времетраење: 40 мин.
Latest Сцена & Муабети
