Skip to main content

Утре во Струга ќе се одржи детскиот фестивал „СИДО“

Фестивалот ќе започне во 12 часот, во НУЦК „Браќа Миладиновци“.

Детската песна и музиката ќе бидат во центарот на вниманието во Струга, каде утре вторник, 10 ноември, ќе се одржи детскиот фестивал „СИДО“.

Фестивалот ќе започне во 12 часот, во НУЦК „Браќа Миладиновци“ каде најмладите ќе имаат можност да уживаат во музичка програма посветена на детската песна и талентот. Влезниците чинат 180 денари, а организаторите информираат дека салата ќе биде затоплена, со цел посетителите да имаат пријатен престој и да уживаат во фестивалската атмосфера.

-„Затоа што детската песна е најубавата песна“, порачуваат организаторите, поканувајќи ги дечињата и љубителите на музиката да бидат дел од настанот.