Охридскиот детски хор „Бамбино“ со прв самостоен концерт насловен „Музички патувања: Песни од пет континенти“

Охридската публика в понеделник, на 8 јуни 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Национална установа Центар за култура „Григор Прличев“ ќе има можност да присуствува на првиот самостоен концерт на Охридскиот детски хор „Бамбино“.
Под мотото „Музички патувања – Песни од пет континенти“, младите хористи ќе ги поведат посетителите на музичко патување низ различни земји и култури, изведувајќи песни од Австралија, САД, Русија, Куба, Јапонија, Кина, Италија, Јужноафриканската Република и Македонија.


На концертот ќе настапат и специјалните гости – Женски хор „Acordis“, како и Охридски камерен оркестар, а диригент на концертот е Снежана Караџовска-Попова.
Влезот е слободен, а организаторите ги покануваат сите љубители на хорската музика да бидат дел од ова музичко доживување и да ги поддржат најмладите охридски таленти.




