Џез квартетот „Форплеј“ ќе го отвори годинешното „Охридско лето“
Годинешното 57 издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде отворено со концертот на џез квартетот „Форплеј“, кој во својата интерпретација вклучува елементи на R’n’B и поп музика.
Годинешното 57 издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде отворено со концертот на џез квартетот „Форплеј“, кој во својата интерпретација вклучува елементи на R’n’B и поп музика.
Денес во Скопје се одржа прес конференција на која беа кажани новитетите на одржувањето на фестивалот.
Директорот на Охридско лето, Оливер Арсовски, смета дека на фестивалот му e потребна нова енергија, како и некои новини во маркетиншкиот дизај.
Годинава за драмскиот дел ќе се погрижи новиот селектор Зоран Љутков а за музичката селекција Ѓорѓи Цуцковски.
– Од оваа година со професионалноста и умешноста на новите селектори внесовме свежина во програмата и убеден сум дека тоа ќе го препознае стручната критика и нашата верна публика. Реновирана е сцената на Долни Сарај, со нова санитарна инсталација и нови гардероби за уметниците, санирани се дрвените површини на Античкиот театар а во тек се и активностите со кои Предворјето на Света Софија ќе добие комплетно ново гледалиште, рече Арсовски.
Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска напомена дека во минатите 10 години, на најголемиот мултимедиален фестивал кај нас, се реализирани близу огромен број на атрактивни уметнички креации.
– Охрид, ова лето ќе биде домаќин на преку 40 музички настани од сите жанрови, 10 театарски претстави и повеќе изложби. Македонија и нашата културна престолнина, градот Охрид ќе бидат домаќини на над 300 врвни уметници, изведувачи и автори од 20 земји од целиот свет, од Кина, Индонезија, САД,, и други, истакна Канческа Милевска.
Освен централниот музички настан, зажан за фестивалскиот почеток, селекторот Ѓорѓи Цуцковски, најавува уште многу квалитетрни музички настани, меѓу кои и три џез вечери, на кои ќе настапат значајни светски имиња.
– Задржување на сериозната музика како главен печат на фестивалот кој го прави квалитативно еден од најистакнатите уметнички фестивали во Југоисточна европа. Жанровско збогатување на програмата, Форплеј како џез квартет, воведување на џез вечери, Рок Симфони и Влатко Стефановски, ЕЛК Камерен оркестар Кина, Светскиот мултимедиален мега проект Вивалдиано, истакна Цуцковски.
Во тетарскиот дел на програмата Љутков, селектирал 4 претстави од домашната сцена од кои 3 се премиери и уште исто толку гостувања. Меѓу гостувањата на театрите се : „Жаби“ од Дубравко Махановиќ, во режија на Елмир Јукиќ ( Камерни театар 55, Сараево, Босна и Херцеговина), театарската претстава, концертно шоу „MagikNational“ во режија на Јон Карамитру и театарската претстава „Пијани“ од Иван Вирипајев во режија на Борис Лијешевиќ ( Ателје 212).
– Театарска креација која ќе остави белег во фестивалската историја и ќе ја надополни квалитетната традиција но сепак ќе биде уникатна за да го отлсика ова фестивалско издание, рече Љутков.
Новото лого на фестивалот содржи 4 симболи: Самоиловата тврдина, Бранови, Маска со почетоците на театарот и Харфа како симбол на префинета музика.