Skip to main content

Доделена филмската награда „Златен глобус“

71-то издание на овогодинешните филмски награди „Златен глобус“ се покажа навистина златно за Matthew McConaughey, филмот “American Hustle” и по долго чекање, “12 Years A Slave”.Наградите „Златен глобус“ се одржаа во недела, на 12 јануари, 2014 година во Беверли Хилс, Калифорнија.

logo
лого

71-то издание на овогодинешните филмски награди „Златен глобус“ се покажа навистина златно за Matthew McConaughey, филмот “American Hustle” и по долго чекање, “12 Years A Slave”.Наградите „Златен глобус“ се одржаа во недела, на 12 јануари, 2014 година во Беверли Хилс, Калифорнија.

Jeniffer LawrenceMatthew McConaughey ја зеде наградата за Најдобар актeр во категоријата Најдобра драма за неговото појавување во “Dallas Buyers Club” како Ron Woodroof. Режисерот Steve McQueen се гордееше со “12 Years A Slave” кој ја освои најголемата и финална награда за Најдобра драма и со тоа ги победи “Captain Phillips”, “Gravity”, “Phillomena” и “Rush”. Во категоријата Мјузикл или Комедија, „Глобусот“ го зеде “American Hustle”.

За најдобра актерка во категоријата Драма беше прогласена Kate Blanchett, за филмот “Blue Jasmine” каде што го толкува ликот на Jeanette “Jasmine” Francis, во кокуренција со Sandra Bullock во “Gravity”, Judi Dench во “Philomena”, Emma Thompson во “Saving Mr. Banks” и Kate Winslet во “Labor Day”.

Метју МеконахиЗа најдобра главна машка улога во категоријата Мјузикл или Kомедија беше прогласен Leonardo DiCaprio за неговата извондредна изведба во “The Wolf of Wall Street” каде што го толкува младиот брокер Jordan Belfort. Негова конкуренција беа Christian  Bale – “American Hustle”, Bruce Dern – “Nebraska”, Oscar Isaac – “Inside Llewyn Davis” и Joaquin Phoenic – “Her”. За најдобра главна женска улога во истата категорија беше прогласена Amy Adams во “American Hustle” каде што се појавува како Sidney Prosser.  Со тоа, таа победи во конкуренција со Julie Delpy – “Beforе Midnight”, Greta Gerwig – “Frances Ha”, Julia Louis-Dreyfus – “Enough Said” и Meryl Streep – “August: Osage County”.За најдобар актер во категоријата Најдобра споредна машка улога во Драма, Мјузикл или Комедија беше прогласен Jared Leto за улогата во “Dallas Buyers Club” во која исто така беа номинирани и Barkhad Abdi – “Captain Phillips”, Daniel Bruhl – “Rush”, Bradley Cooper – “American Hustle” и Michael Fassbender – “12 Years A Slave”.

Наградата за најдобра споредна женска улога во категоријата Драма, Мјузикл или Комедија ѝ припадна на Jennifer Lawrence за филмот “American Hustle”, во конкуренција со Sally Hawkins – “Blue Jasmine”, Lupita Nyong’o – “12 Years a Slave”, Julia Roberts – “August: Osage County” и June Squibb – “Nebraska”.

Награда за најдобар режисер доби Alfonso Cuaron за “Gravity”, додека пак за најдобро сценарио наградата отиде во рацете на Spike Jonze за “Her”. Најдобар оригинален саундтрак имаше филмот “All Is Lost” со музика на Alex Ebert, а за најдобра оригинална песна беше прогласена – “Ordinary Love” на U2, за филмот “Mandela: Long Way To Freedom”.

“Frozen” беше прогласен за Најдобар анимиран филм, каде што беа номинирани и “The Croods” и “Despicable Me 2”, а за Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје наградата му припадна на “The Great Beauty” од Италија во конкуренција со “Blue Is The Warmest Color” – Франција, “The Hunt” – Данска, “The Past” – Иран и “The Wind Rises” – Јапонија.

По 7 номинации имаа “12 Years A Slave” и “American Hustle”, 5 имаше “Nebraska”, “Captain Phillips” и “Gravity” по 4, “Her”, “Inside llewyn Davis”, “Mandela: Long Walk to Freedom” и “Philomena” по 3 и “All Is Lost”, “August: Osage County”, “Blue Jasmine”, “Dallas Buyers Club”, “Frozen”, “Rush” и “The Wolf Of Wall Street” по 2.

{loadposition content9}