Beach Film Festival
Доделени наградите за најдобрите филмови на Beach Film Festival
Наградата за најдобар долгометражен филм ја доби филмот „Milk“ во режија на Stefanie Kolk.
Овогодинешните награди жирито за долгометражни филмови составено од Julián Génisson, Karla Šola, Agim Abdula и Jenńi Ƶyĺka и жирито за краткометражни филмови составено од Gjoko Simjanoski, Vele Mitanoski и Sveto Stefanovski ги доделија на:
- Голем бран, најдобар долгометражен филм – “Milk” во режија на Stefanie Kolk
- Special Mention, најдобар долгометражен филм – “Pelican” според сценарио на Nikolina Bogdanović и Filip Heraković.
- Мал бран, најдобар краткометражен филм – “How to be a human being” во режија на Jorė Janavičiütė
- Најдобар краткометражен студентски филм според публика – “Quiet Drive” во режија на Savvaa Dolomanov
- Стефан Сидовски Сидо, најдобро актерско остварување – Julie Ledru од филмот “Rodéo”
- Special Mention, најдобро актерско остварување – Liber Ágoston од филмот “Summer to come”
- Special Mention, најдобар краткометражен филм – “The walk” во режија на Елеонора Венинова
Овогодинешното издание на фестивалот се одржа на четири локации во Охрид и тоа на плажата Славија, бродот Армада, плажата Сараиште и Младинскиот Центар, а беа прикажани и 14 краткометражни и 33 долгометражни филмови.