На доделувањето на Златните глобуси послужен десерт од чисто злато
Иако Холивуд не знае за скромност изгледа славните малку претераа во демонстрацијата на луксуз. Додека присутните на гала вечерта во раскошни тоалети и прескапи смокинзи го следеа доделувањето во хотелот Беверли Хилтон послужен им бил специјалитетот на куќата- пудинг со бадем и шумско овошје, прелиен со багремов мед и карамела а посипен со снегулки од чисто 23-каратно злато кое чини 135 долари по грам.
– Околу доделувањето на Златните глобуси секогаш се крева прашина па сакав да смислам десерт кој ќе биде прекриен со златна прашина- објаснил Томас Хензи хотелскиот мајстор за слатки.
Ваквото објаснување не беше доволно за Џоел Берг, активист за борба против гладта кој смета дека десертот е „прст в око“ на сите кои не можат да ги обезбедат ниту основните оброци за своите семејства.
{loadposition content9}