Skip to main content

Доктор за Гинис

Британскиот актер Хју Лори го надмина Дејвид Хаселхоф како најгледан човек на телевизиските екрани.

 |   | 
Hju Lori
Хју Лори
Hju LoriБританскиот актер Хју Лори го надмина Дејвид Хаселхоф како најгледан човек на телевизиските екрани. Имено, Лори (52) кој за една епизода од серијата “Dr House” заработува 400 илјади долари, сега доби и официјално признание од Гинис за најгледано лице на телевизија.

Екцентричниот доктор го следеле дури 82 милиони луѓе во 66 земји, додека на второто место е серијата “CSI Miami” со публика од 74 милиони гледачи.

Лори за улогата на Хаус доби два Златни глобуси, но во едно интервју призна дека селењето во САД поради снимањето имало негативно влијание врз неговиот приватен семеен живот.

Иако станува збор за хит серија, за жал, неодамна беше објавено дека престојната осма сезона, ќе биде и последна.

{loadposition content9}