Државен фестивал на аматерски филм
Две златни плакети освои Томе Љушев – Шпанец за документарецот „Трпејца на дланка“
Документарниот филм „Трпејца на дланка“ во ко – продукција на Здружението „За Трпејца со љубов“ и Шпанец продукција од Охрид продолжува да нижи награди по фестивалите.
На 52. Државен фестивал на аматерски филм, кој се одржа во Кочани, Томе Љушев – Шпанец освои две Златни плакети за Документарен филм и за монтажа.
Лани на Фестивалот на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола Љушев се закити со меѓународната плакета на УНИКА.
Филмот е работен по сценарио и со нарација на Милчо Јованоски и претставува репортажа за Трпејца, животот и наследството, минатото и сегашноста.
Премиерно филмот беше прикажан пред две години на деветото издание на културно – забавното лето НА ЗАЈДИСОНЦЕ во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“.