Skip to main content

„Домашно видео“ со Џеј Ло

Долготрајната судска битка која трае со години измеѓу убавата пејачка и поранешниот сопруг Ојани Ноа конечно дојде до самиот крај кој никако не е во корист на Џенифер Лопез.

 |  Маја Савиќ  | 
Jennifer Lopez
Џенифер Лопез
Џеј Ло бесполезно се обидуваше судски да го спречи излегувањето на домашното експлицитно видео од првиот брак со Ојани Ноа снимено на нивното брачно патување кое наскоро би можело да се најде во продажба.
Jennifer Lopez
Таа снимка ќе излезе во продажба бидејќи Ноа успеал да пронајде дупка во законот и да ја добие парницата.

Секси видеото наречено „How I Married Jennifer Lopez: The J.Lo and Ojani Noa Story“, наводно ја прикажува ѕвездата во секси облека и ласкави пози што мајката на две деца и една од најпопуларните убавици би можело да ја доведе во една многу непријатна ситуација.

Џеј Ло и Ноа се венчаа во 1997 година, но нивниот брак траеше кратко само една година. Пред четири години Лопез го тужеше поранешниот сопруг за да го спречи издавањето на книгата која требаше да ја содржи екпслицитната содржина од нивниот живот.


{loadposition content9}