Допирот го продолжува животот
Сo секој допир од саканата личност ви се продолжува животот, тврдат британски експерти.
Сo секој допир од саканата личност ви се продолжува животот, тврдат британски експерти. Ако човек е многу вознемирен и сакате да го смирите, вие држејќи го за рака му давате позитивна лековита акција – намалување на крвниот притисок и забавување на ритамот на срцето.
Нервниот систем прв го чувствува влијанието врз кожата. Галењето и лесната масажа се способни да ги намалат нервната растревоженост, па и дури и да ја прекинат болката.
Во едно од последните истражувања 40 недоносени деца биле поделени во две групи. Децата од првата група се галени по 45 минути секој ден. По 10 дена кај нив е регистрирано побрзо зголемување на телесната тежина, иако децата од двете групи добивале подеднакво количество храна.
Возрасните, исто така, имаат потреба од задоволување на сите потреби на органите на чувствата. Затоа некои научници дури и препорачуваат да ја прегрнуваме омилена личност најмалку 4 пати дневно.
Дури и другарското тапкање по рамото или допирот на рацете предизвикуваат чувство на ублажување “сетилниот глад“. Ова влијае поволно не само врз нервниот систем, туку и на другите системи во организмот.
Затоа – не се откажувајте од задоволства! Не заборавајте исто така да галите децата – особено по главата и грбот.
{loadposition content9}