“Др. Хаус“ се пензионира
“По долго размислување, продуцентите на ’Др. Хаус’ одлучија дека оваа сезона на серијата, осма, треба да биде последна. До април оваа година ќе бидат комплетирани 177 епизоди, што е 175 повеќе отколку што некој очекуваше во 2004-та година“, се вели во соопштението од извршните продуцени Дејвид Шор, Кејти Џејкоб и актерот Хју Лори.
Од својот сам почеток “Др. Хаус“, серија која раскажуваше за брилијантниот, антисоцијален доктор, се обидуваше да понуди кохерентен и задоволувачки свет во кој постојаните човекови прашања за етиката и емотивноста, логиката и вистината, ќе бидат испитани, играни и повремено одговорени.
Според продуцентите, серијата докажа дека кај публиката има силен апетит за телевизиска драма која се базира на повеќе од убавина или пукотници.
Соопштението од екипата на “Др. Хаус“ завршува со познатата фраза на др. Грегори Хаус – “Сите лажат“.
{loadposition content9}