Другарка и на Анорексија се вика Орторексија
Растечката опсесија со здрава исхрана и нетолеранција на храна во Велика Британија придонела во пораст на бројот на луѓе кои страдаат од „орторексија“. Орторексија често започнува со обид за правилно хранење и слабеење но може многу брзо да прерасне во изгладнување или посериозни проблеми со исхраната.
Оние кои страдаат од оваа состојба често се многу внимателни за својата исхрана и дури и исфрлуваат цели прехранбени групи – најчесто поради лажното верување дека не можат да го толерираат тој тип на храна. Тие истовремено се придржуваат и до екстремен режим на вежбање. Психологот Даен Џејд изјавила: „Орторексијата е скриен проблем, маскиран лалп здрава исхрана.“
„Тие престануваат да конзумираат прехранбени групи, како месо, и се убедуваат себе си дека не можат да толерираат други групи како млечни производи, па ги исфрлаат и нив од својата исхрана. Проблемот е најзастапен кај тинејџерите бидејќи тие најлесно потпаѓаат под влијание на работите кои ги читаат во списанија или ги гледаат на телевизија.“
Повеќето од овие здрави диет-планови промовирани во медиумите се всушност маскирани строги диети. Болестите како анорексија и булимија се фокусираат на квантитетот на храна, но орторексичните лица се грижат само за квалитетот на она што го јадат.“
Нутриционистот Гленис Џоунс вели дека орторексијата е последица на негативниот публицитет на некои видови храна.
Таа изјавила: „Главниот проблем е негативниот публицитет. Ако овие луѓе дознаат нешто негативно за одреден тип на храна, тогаш целосно ќе ја исфрлат таа храна од својата исхрана. Сретнав една личност која не јадеше брокули зашто прочитала дека може да се добие некоја болест од нив.“
{loadposition content9}