„Дуо Австрија“ на програмата на „Охридско лето“
Магијата на вокалот на Тимна Брауер и нејзините вештини со гирата, засилени од виртуозната игра на клавијатурите и перкусиите на Елијас Меири, вечер во предворјето на црквата СВ. Софија во 21 часот ќе ја почестат фестивласката публика со вистинска музичка магија, претставувајќи мал дел од светската музика.

Тимна Брауер е родена е во Виена, Австрија во израелско-австриско семејство, матурира во француската гимназија во Виена, а продолжува да студира гитара, пијано и соло пеење на Конзерваториумот во Виена. Магистрира музикологија на престижната Сорбона во Париз, а се усовршува на мајсторски курсеви со бројни класични оперски пејачи: Елизабет Грумер, Симон Бади, со Кристиан Легранд се усовршува во областа на џезот, Индиски вокали со проф. Џавхери во Минхен. Заедно со израелскиот џез пијанист Елијас Меири создаваат дуо во 1985 и настапуваат на концертните сцени низ целиот свет. Фокусот на нивната музика е светска музика, шансони, детски концерти но, пред сѐ еврејска музика со целиот нејзин раскош и разновидност.
Елијас Меири е роден во Израел, Елијас Меири започнува да учи пијано на пет годишна возраст. Како резултат на неговиот апсолутен слух, многу бргу ја совладува уметноста на импровизација. Димпломира на конзерваториумот „Талма-Јалин“ во Тел Авив, а се усовршува на престижниот колеџ „Беркли“ во Бостон. Во Њујорк настапува со џез-ѕвездите: Дизи Гилеспи, Дејв Либман и Стив Гросман. Покрај неговите настапи со Тимна Брауер, Меири настапува како солист и со различни џез формации. Предава пијано, вокална изведба и џез импровизации, а посветен е на компонирање, ЦД продукција и техники на звук.