Skip to main content

Играна серија

Џони Деп и Биковиќ заедно во „Јужен ветар“

Холивудската ѕвезда Џони Деп ќе глуми наркодилер во третиот дел од српскиот филм „Јужен ветар“, заедно со Милош Биковиќ.
 |  инфодеск  | 
Џони Деп и Милош Биковиќ

Познатиот холивудски актер Џони Деп наводно ќе се приклучи на српскиот акционен трилер „Јужен ветар“ во режија на Милош Аврамовиќ.

Како што пренесуваат медиумите, преговорите за ангажманот на Деп започнале уште во октомври, за време на неговиот престој во Белград.

„Џони ги запозна актерите и режисерот кога минатиот октомври во Србија го промовираше анимираниот филм „Пафини“, кој беше снимен кај нас. Тогаш Биковиќ и Аврамовиќ му кажале дека би сакале да го видат во продолжението на „Јужен ветер“. Деп одговорил дека е многу заинтересиран, но дека прво мора да провери кога и дали има слободни термини за снимање“, открил добро информиран извор, додавајќи дека после тоа продуцентите уште еднаш стапиле во контакт со актерот.

Деп го потврди ангажманот преку телефон, а остана само да се стави сè на хартија и да се потпише. Очекуваме наскоро сè да биде официјално. Во план е Џони да ја игра улогата на нарко дилер кој има развиено зделки низ целиот свет, па ќе биде поврзан со Мараш и Бача – открил изворот.

Главниот херој на „Јужен ветер“, Милош Биковиќ, никогаш не криел дека би сакал да соработува со познатиот актер.

Деп е одлично момче, имагинативен е и има прекрасни улоги. Би сакал да го видам во продолжението на „Јужен ветер“, тој може да си избере улога. Сите освен Петар Мараш. Би сакал да играм со него. Кастингот е отворен, па ако Деп го помине, ќе биде примен – во една прилика изјави актерот.

Покрај Биковиќ и Деп, во третиот дел од српскиот мега хит во режија на Милош Аврамовиќ ќе играат и Миодраг Радоњиќ, Мики Манојловиќ, Јована Стојиљковиќ и Александар Берчек.