©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Театар

Енергични луѓе, премиера на Охридскиот театар

Народниот театар од Охрид, викендов со премиера на претставата „Енергични луѓе“ работена по текст на Василиј Шукшин.
енергични луѓе

Оваа сабота Народниот театар од Охрид, за љубителите на театарската игра, премиерно ќе ја прикаже претставата „Енергични луѓе“ работена по текст на Василиј Шукшин. Станува збор за првиот од трите проекти, финансирани од Министерството за култура кои ќе бидат реализирани оваа година, истакна директорот на Народниот театар, Горан Симоноски.

Сакам да се заблагодарам за целокупната екипа за макотрпната работа да се реализира овој проект до премиера. Сакам да ја покнам побликата да дојде на 14 мај сабота, да ја погледне оваа прекрасна изведба на премиерата.Редоследно репертоарот ќе се одвива во наредните петоци кога ќе се игра претставата“ – кажа Горан Симоноски – Директор Народен театар Охрид.

Режисер на театарската премиера „Енергични луѓе“ е Александар Ивановски за кој ова е прва претстава со Охридскиот театар.Тој верува дека текстот на Шукшин одлично ќе се вклопи со богатството на охридскиот актерски ансамбл.

Ансамбл енергични луѓе

„Мислам дека она што текстот „Енергични луѓе“ го носи како една ироноија, цинизам, начин на гледање на реалноста малку изместено, од руските седумдесетти години, овде тој материјал најде извонредно плодна почва за актерски, режисерски и театарски дијалог пред се и се надевам дека таквата блиска комуникација ке продолжи и во односот со охридската публика“ – објасни Александар Ивановски- Режисер на претставата.

Ова е една долго очекувана премиера, после неколку години, без никакви протоколи и ограничувања, вели охридскиот атер Стрезо Стаматовски, кој во претставата го толкува ликот на „Дебелиот“, како што самиот вели, лик со вториот по големина стомак во претставата.

„Имавме еден процес каде практично улогите се доближуваа до актерите, а не обратно и така се склопија кастинзите и испадна една одлична хипер-енергична актерска претстава, која мислам ќе биде гледлива и долговечна на репертоарот на Охридскиот Народен Театар. Посебно за нас после овој период на стагнација мислам ќе е позитивно и се надевам дека ќе продолжиме со истото темпо и понатака“ – се надева Стаматоски.

Улогата на двигателот на самото дејствие во претставата ликот на Вера, ја толкува актерката Биљана Билаловиќ – Вељаноска, која е двигател на серија настани кои ја обликуваат самата приказна. Ликот на нејзиниот сопруг Аристарх го толкува Никола Тодорвски.

„Таа е сопруга на Аристарх , главниот машки лик во претсавата. Во животот на овие енергични луѓе преовладува едно секојдневие кое се прекинува , кога вера наоѓа некакво писменце од непозната жена во џебот на нејзиниот сопруг.“ Она што сакам да го кажам во врска со оваа претстава е дека текстот е руски и ние бевме како ансамбл доста дрски, решивме да го поставиме. Го толкувам ликот на Аристарх кој според авторот е генијален пијаница и сега ќе го цитирам…Ви благодарам“ – велат Тодовски и Вељаноска.

Актерот Горан Стојаноски вели дека за поздрав е работата на оваа претстава која е плод на тимска работа во време кога во театрите фокусот е на се друго освен на актерите. Павел Маслов, актерот кој ја толкува улогата на „нослестиот“ вели дека станува збор за еден провокативен и квалитетен производ.

„Драмата е комедија, една убаво склопена динамична претстава, која искрено се надевам ќе остане подолго на репертоарот, за која луѓето ке дојдат и ке се насмеат, но ќе добијат и една многу важна порака за одредени општествени моменти кои се многу важни во општеството“ – објаснува Стојаноски.

„Руска сатира која сама по себе дозволува дас е отворат едни интересни прашања, општествени, политички, во најразличен контекст. Прашање е на слични но многу различни карактери, кои сочинуваат една група, но секој од нив има некоја посебна карактеристика и намера во целата приказна“ – рече Маслов.

Василиј Шукшин зазема средно место меѓу претставниците на руралната и урбаната проза, бидејќи хероите на неговите дела се и рурални жители и жители на градот по правило, во првата генерација, а писателот се интересира конкретно за рускиот национален карактер.

енергични луѓе

Сценографија и графичкиот дизајн е на Филип Коруновски, костимографијата на Невенка Тасева – Петровиќ. Драматург, Кристина Тодороска Петреска, а инспициент, Филип Ангеличин – Жура.Премиерата е закажана за 14 мај сабота, во 20:00 часот, карти може да се набават на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Народен Театар Охрид. Цена на билетот 250 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top