Skip to main content

Богата музичка програма

Етно фестивал Охрид 2022

„Етно фестивал Охрид 2022“ на 27-ми и 28-ми април пред охридската публика. Фестивалот ќе се одржи во големата сала при НУЦК „Григор Прличев“
 |  инфодеск  | 
Група монистра

На 27-ми и 28-ми април во Охрид ќе се одржи прво издание на Етно фестивалот. Манифестацијата е во организација на здружението за интегриран развој „Арт пријатели“, а со поддршка на Општина Охрид.

На првата фестивалска вечер ќе настапи етно составот „Монистра“. Со настапот ќе го најави почетокот на нивната турнеја низ Македонија по повод 20 години постоење на македонската музичка сцена.

Втората фестивалска вечер, како што најави организаторот, ќе биде во знакот на традиционалните народни носии од сите краишта на Македонија, чиј колекционер е Антонио Стојчески. Настап ќе имаат и ученици од насоката за национална песна и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“-Скопје.

Етно фестивалот ќе се одржи на големата сцена во центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид. Влезот е бесплатен.