Skip to main content

Facebook прави фрижидер за вишокот фотографии

Во Орегон се гради огромен центар за база на податоци кој е дизајниран со цел да ги намали трошоците за складирање на стариот и помалку популарниот материјал на Фејсбук.

memorija
меморија

Во Орегон се гради огромен центар за база на податоци кој е дизајниран со цел да ги намали трошоците за складирање на стариот и помалку популарниот материјал на Фејсбук.

Според податоците на оваа компанија, само 8% од милијардите фотографии кои се наоѓаат на мрежата влечат околу 85% посетеност во секој момент, останатите 92% се постари фотографии кои ретко ги гледаме. Со цел тој материјал да биде брзо достапен, Фејсбук планира да ги намали енергетските трошоци. Новиот “фрижидер” ќе ги обедини двата постоечки центри за складирање на податоци во Prinvil од кои секоја може да запази информација еквивалентна на 250 милиони DVD дискови.

memorijaИсто така, во новиот центар секој сервер ќе биде поврзан со повеќе хард дискови, а компјутерите ќе бидат на sleep mode се додека некој нов корисник не побара некоја од старите содржини.Секој ден на Фејсбук се објавуваат 300 милиони фотографии, а бројот расте поради се поголемата употреба на паметни телефони. Освен овој центар, Фејсбук гради и голем центар во Шведска во границите на арктичкиот круг, прв кој е надвор од границите на САД. Ова ќе помогне за да се намалат трошоците при ладење на серверите.

{loadposition content9}