Skip to main content

Фејк Џек Николсон

Кога се краде идентитет и фалсификуваат лични карти и пасоши, на тие документи, во никој случај, не треба да стои име и фотографија на позната личност, тоа го знаат и малите деца затоа што гледаат телевизија.

 |   | 
dzek Nikolson
Џек Николсон

falsifikat licna kartaНеодамна е уапсен Бразилец кој се обидел да отвори сметка во банка со фалсификувана лична карта на која залепил слика од Џек Николсон.

Кога се краде идентитет и фалсификуваат лични карти и пасоши, на тие документи, во никој случај, не треба да стои име и фотографија на позната личност, тоа го знаат и малите деца затоа што гледаат телевизија.

Очигледно, овој криминалец од Бразил не гледал филмови, па така, на лажна лична карта тој залепил слика од Џек Николсон и се обидел да отвори сметка во банка, но бил уапсен.

Уапсениот Рикардо Серџио Фреире де Барод (41), под сликата на Џек Николсон, која во 2003 година ја направи познатиот њујоршки фотограф Мартин Шулер, се потпишал како Жуао Педро дос Сантос.  Веројатно имал за цел да ја прикрие трагата…

Кај “Џек Николсон” биле пронајдени уште пет лажни лични карти, 36 штедни книшки, четири кредитни картички и лажни документи, меѓу кои била и потврда за примања на која пишувало дека годишно тој заработува речиси милион и пол долари.