Skip to main content

Режија милчо манчевски

Филмот Кајмак доаѓа во Охрид и Струга

Филмот „Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот.
 |  инфодеск  | 
Филм Кајмак

На 17-ти ноември, 2022г. (четврток) со почеток во 18 часот, во големата сала на НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга, своја премиера пред струшката публика, ќе има најновиот филм „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски.

„Кајмак” е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода.

Влезот ќе чини 100 денари.

Истиот ден со почеток во 20 часот, филмот „Кајмак“ ќе биде прикажан и пред охридската публика, во Центарот за култура „Григор Прличев“. Влезот ќе чини 150 денари.

Улогите ги толкуваат : Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.