Филмот Улиште на 21 и 22 септември во Охрид
„Улиште” е за жена од Косово чиј сопруг исчезнал во косовската војна и која се бори против патријархалното општество за да ја одржи својата фирма.
Косовскиот филм „Улиште” на режисерката Блерта Башоли, копродукција помеѓу Косово, Македонија, Швајцарија и Албанија ќе се прикажува на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид на 21 и 22 септември 2022 година со почеток во 20 часот. Влезот ќе чини 100 денари.
„Улиште” е за жена од Косово чиј сопруг исчезнал во косовската војна и која се бори против патријархалното општество за да ја одржи својата фирма. Македонски копродуцент е „Црна мачка продукција” и продуцентите Кристијан Буровски и Томи Салковски.