Skip to main content

Филмска ревија на македонски филмски класици во НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид

Ревијата на филмски класици на „Вардар филм“ наредната недела и во Охрид.

лого

хифиХАЈ – ФАЈ / ПОНЕДЕЛНИК  9-ти ноември 2015/ почеток 20.00 ч / влез 50 денари

Година: 1987
Траење: 102 минути
Филмот “ХАЈ –  ФАЈ” создаден е според мотивите на истоимената театарска пиеса на Горан Стефановски.
Борис Бојановски, после пет години поминати во затвор, не успева да се снајде во ситуација која што ја наоѓа во сопствениот дом. Судирот со син му започнува околу некои тривијалности, но многу бргу се продлабочува во суштински генерацијски конфликт.
Филмот го следи развојот на односите помеѓу таткото и синот, врз кои се рефлектираат и некои пошироки општествени проблеми на современиот македонски и југословенски живот.
Режија: Владимир Блажевски
Сценарио: Горан Стефановски
Музика: Љупчо Константинов
Улоги:  Фабијан Шоваговиќ, Данчо Чеврески, Елизабета Џоревска, Мето Јовановски, Вукосава Донева и др…
Награди:
– 1987, Пула, Златна арена за режија за Владимир Блажевски 1987 ФЈИФ, Пула, Златна арена за монтажа за Петар Марковиќ 1987 ФЈИФ, Пула
– награда “Кодак” за фотографија за Мишо Самоиловски 1987 ФФ, Ниш
– Голема повелба за главна машка улога за актерот Фабијан Шоваговиќ 1987 Годишна награда на ревијата Екран за актерско остварување на Данчо Чеврески

три аниТРИ АНИ / ВТОРНИК  10-ти ноември 2015/ почеток 20.00 ч / влез 50 денари

Година: 1959
Tраење: 93 минути
Пензионираниот железничар Марко Петровиќ ги живее монотоно своите пензионерски денови се до оној момент кога ја открива можноста дека неговата ќерка ја преживеала војната. Започнува да трага по неа преку Црвениот крст и печатот. На неговата адреса пристигнуваат податоците за три млади жени кои секоја од нив подеднакво ја има можноста да биде неговата ќерка Ана. Најпосле, стариот Марко сепак доаѓа до сознанието дека вистинската Ана загинала во војната.
Режија: Бранко Бауер
Сценарио: Слободан Глумац
Музика: Бојан Адамиќ
Улоги: Гал Дубравка, Стефановиќ Душан, Кон Марија, Мишковиќ Светлана и др…
 Награди: 1960 ФЈИФ, Пула, Бронзена арена од жирито за филм 1960 ФЈИФ, Пула, Награда за епизодна улога на Светлана Мишковиќ

СРЕЌНА НОВА  49 / ЧЕТВРТОК  12-ти ноември 2015/ почеток 20.00 ч / влез 50 денари

Година 1986
Траење: 125 минути
Приказна за двајца браќа со различна идеологија и верувања. Драмата се случува во атмосфера на тензија и страв, за време на конфликтот помеѓу Комунистичката партија на Југославија и Сталинизмот.
Режија: Столе Попов
Сценарио: Гордан Михиќ
Музика: Љупчо Константинов
      Улоги:  Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владислава Милосављевиќ и други
      Награди:
– Гран при, Голема златна арена за најдобар филм 1986 ФЈИФ, Пула,
– Златна арена за најдобро сценарио на Гордан Михиќ 1986 ФЈИФ, Пула
– Нагрдада ” Милтон Манаки” од југословенската филмска критика за Столе Попов 1986 ФЈИФ, Пула
– “Златен гладијатор”, награда на југословенската филмска академија за Столе Попов 1986 ФФ, Ниш
– Голем златен дукат за најдобро сценарио за Гордан Михиќ 1986 ФФ, Врњачка бања
– Југословенски кандидат за Оскар 1986
–  13 Ноемвриска награда за Столе Попов 1991 МФФ
и други…

планина на гневотПЛАНИНАТА НА ГНЕВОТ / ПЕТОК 13-ти ноември 2015/ почеток 20.00 ч / влез 50 денари

Година: 1968
Траење: 81 минути
По Втората светска, социјалистичката револуционерната војна и ослободувањето на земјата, настапува време на обнова. Тоа е и време кога се инсистира на колективизација на селските имоти. И во Западна Македонија се настојува да се спроведат новите идеи за развој на земјоделското стопанство и на сточарството. Претседател на селската задруга е Стамат, поранешен борец, кој со сиот свој жар и револуционерен елан работи и верува дека колективизацијата е единствен излез за сиромашниот селанец. На својот пат за подобра иднина тој се судира со отпорот на поимотните селани кои тешко се разделуваат од имотот. Во овие околности Стамат се соочува со вистината дека селаните не му веруваат, но и покрај тоа застанува на вистинската страна

Режија: Љубиша Георгиевски
Сценарио: Анте Поповски
Музика: Тома Прошев
Улоги:  Ристо Шишков,Бранислав Јериниќ, Дарко Дамевски, Драгомир Фелба, Нада Гешовска, Петре Прличко и др…
Награди:  Специјални награди за актерите Дарко Дамевски, Ристо Шишков и Марија Исаја 1968 ФФ, Ниш
 
ТЕТОВИРАЊЕ / ПЕТОК 13-ти ноември 2015/ почеток 20.00 ч / влез 50 денари

Година: 1991
Траење: 128 минути
Дејството на филмот е сместено во летото 1989 година и го следи животот на работникот Илија, кој по низа апсурдни настани, иако потполно невин, завршува во затвор, обвинет за убиство, а подоцна и убиен од еден специјалец.
Илија, кој и инаку, според својот нескротлив темперамент како да е предодреден да биде во конфликт со официјалните сили што го „штитат“ поредокот – комунистичкиот режим во распад – по една караница со сопругата го напушта домот со единственото што го поседува, празниот куфер.

Режија: Столе Попов
Сценарио:  Мирко Ковач
Музика: Љупчо Константинов
Улоги:  Мето Јовановски, Столе Аранѓеловиќ, Љиљана Меѓеши, Јовица Михајловски, Кирил Поп-Христов, Светозар Цветковиќ, Зоран Цвијановиќ, Александар Чамински, Данчо Чевревски и др…
Награди:
– Гран При 1991 ФФ, Херцег Нови
– Прва награда ” Златна мимоза” за режија на Столе Попов 1991 ФФ, Ниш
– Втора награда за сценарио на Мирко Ковач 1991 ФФ “Милтон Манаки” Битола
и други…