Финалето на талент шоу „Нови и млади“ премиерно на ТВМ на 16-ти јули
Заврши финалето на Македонското музичко талент шоу „Нови и млади“. Финалната емеисија од ова шоу, гледано и преку океанот, на ТвM Tелевизија ќе биде емитувано на 16-ти јули во вообичаениот термин во 20 часот.
Прогласени се победници од публиката и од жири комисијата. Вообичаено најтешката задача и припадна на жири комисијата бидејќи истата, мораше да одбере само тројца помеѓу 20 финалисти кои се покажаа во најдобро светло. Разликата во поените помеѓу првото,второто и третото место ги делеше само по еден бод. Жири комисијата секоја од изведбите на финалистите ги отценувашесо поени од 1 до 10.
Првото место доби парична награда од 2300 долари ,второ 1300 и трето 800 долари, а главната награда всушност и не е доделена се` уште. Станува збор за австралиска турнеја и продукцијата одлучи оваа награда да ја додели на онај учесник во финалето кој најдобро ќе напредува во кариерата.
Сите 20 учесници потпишаа договор со ИН продукција за лојалност и понатамоша нивна промоција.
Петчлената жири комисијата ја сочинувааа Златко Миладиноски композитор ,Соња Дојчиноска водител и текстописец ,Дарко Стојаноски – пејач Злате Котевски претседател на TOŠE – Australian Macedonian Dance Ensemble Inc. и Лазе Наумовски претставник од ИНТВ Австралија и Majestic Caravan, фирма која ги доделуваше паричните награди.