Skip to main content

Фолклорно-музички спектакл на членовите на КУД „Отекс“ во Загреб

Членовите на КУД Отекс од Охрид на 22-ри септември во Чешката национална куќа во Загреб изведоа фолклорно-музички спектакл. Тие ги играа и пееа најпознатите македонски ора и народни песни. Организатор на овој настан беше Советот на македонското национално малцинство од Загреб.

 |   | 

Ова не беше само уште еден во низата состаноци со македонската дијаспора со нивните родени сонародници, туку настан кој емотивно ги обедини. Македонските играорци ги оставија душа и срце на сцената, сакајќи на членовите на македонското национално малцинство во Загреб да им ја пренесат енергијата од Македонија, земјата на сонцето. Публиката не само што го препозна тоа, туку и го награди со одличен аплауз. Овој културен настан се претвори во заедничка веселба меѓу домаќините и гостите.

Иако, членовите на македонското национално малцинство во Загреб имаат неколку фолклорни друштва и хорови, гостите од Македонија, како овие од КУД Отекс им помагаат да го зачуваат својот идентитет и да ги обноват своите традиционални знаења и спомени. Организатор на овој настан беше Советот на македонското национално малцинство од Загреб.