Фуристичко село во Кина
За изградба ќе се користат локални материјали, а селото ќе биде опремено со модерна инфраструктура.
Планината Хуаншан или Жолтата планина во Источна Кина е свето место за Кинезите уште од времето на династијата Кинг. Според легендата, кога првиот император на Кина Хуанде (Жолтиот император) остарел и решил да се откаже од престолот поради својот помлад наследник, тој тргнал на пат за да открие тајната на бесмртноста. По долго лутање стигнал до планината и восхитен од врвовите кои ги прободувале облаците, решил да остане тука. Според легендата императорот живеел во Хуаншан 120 години.
Токму затоа кинеската компанијата „MAD architects“ планира да изгради уникатна населба за луѓе кои сакаат да живеат во хармонија со природата. „Начелата село Хуаншан”, како што го нарекуваат дизајнерите, ќе се состои од згради со оригинална конструкција. Секој дом ќе биде пирамида од повеќе конструкции со заоблени ќошиња. Селото ќе се состои од 700 станови, како и хотел и други неопходни објекти.
За изградба ќе се користат локални материјали, а селото ќе биде опремено со модерна инфраструктура.
Основачот на компанијата Ма Јансун појасни дека во основата на дизајнот е иновативен и ја опишува Хуаншан како таинствено место.
{loadposition content9}