Skip to main content

Гимназискиот драмски клуб ја изведе комедијата „Инспекторот“

Претставата е инспирирана од комедијата „Ревизор“ од Николај Васиљевич Гогољ.
 |  инфодеск  | 

Вчеравечер членовите на драмскиот клуб при ОСУ „Св Климент Охридски“ – Димитар Ѓуроски, Ѕвездан Јончевски, Анастасиа Атесленко, Јана Каралиевска, Софија Милевска, Сара Петкоска, Јана Патчева и Ангелина Бошкоска, во НУ Центар за култура “Григор Прличев” ја изведоа комедијата „Инспекторот“. 

Претставата е инспирирана од комедијата „Ревизор“ од Николај Васиљевич Гогољ.

-Ги пофалуваме младите таленти и ги поттикнуваме сите заинтересирани ученици да се вклучат во прекрасната работа на драмскиот клуб, се вели во соопштението од ОСУ „Св Климент Охридски“ – Охрид.