Skip to main content

Краткометражен филм

Ѓорѓи Јолевски со награди на фестивали во Индија

На фестивали во Индија, филмот „Ако немаше небо“ освои награди за најдобар краток филм и најдобар актер за улогата на Ѓорѓи Јолевски.
 |  инфодеск  | 
Ѓорѓи Јолевски

Краткометражниот игран филм „Ако немаше небо“, снимен по сценарио и во режија на Бранко Попчевски, ги освои наградите за најдобар краток филм, како и за најдобар актер за улогата на Ѓорѓи Јолевски, на филмските фестивали во Калкута и во Мадјапрадеш, во Индија.

Во филмот покрај Јолевски игра и Елизабета Клинчаревска Младеновска, а истиот е сниман во продукција на „Сан Арт“. Се работи за здружение за аудио-визуелни уметности од Скопје, основано во 2015 година од страна на Бранко Попчевски, чие долгогодишно искуство како продуцент и композитор 30+ години во индустријата, резултираше со продукција на 12 документарни филмови, над 20 музички спотови и над 20 ТВ реклами.

Ѓорѓи Јолевски

Филмот претходно беше прикажан во официјалната селекција и на меѓународни филмски фестивали во Ванкувер, Монтреал, Лондон, Будимпешта и Загреб.

Сценарист и режисер на филмот е Бранко Попчевски, продуценти се Никола Китановски и Бранко Попчевски, додека кинематографер е Никола Китановски. Монтажата е на Ивона Попчевска, костимографијата е на Раде Василев, шминката на Игор Петрески, додека музиката ја потпишува Бранко Попчевски.

Ѓорѓи Јолевски