Skip to main content

Ансамбл Билјана

Годишен концерт на Ансамбл Билјана – Охридска визита „Една песна, една приказна“

Оваа година настанот ќе има еден малку поинаков концепт – „Една песна една пиказна“. Ќе бидат представени неколку приказни за Охрид и неговата музичка историја.
 |  инфодеск  | 
Годишен концерт Ансамбл Билјана

Во вторник, (5-ти септември), во предворјето на катедралната црква „Св. Софија“, по единесетти пат ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на Ансамбл Билјана.

Оваа година настанот ќе има еден малку поинаков концепт – „Една песна една пиказна“. Ќе бидат представени неколку приказни за Охрид и неговата музичка историја. Наратор на настанот ќе биде Проф. Валентина Божиновска.

Гости на концертот ќе бидат Мартина Максимовска и Мухамед Бајрам (професор по виолина).

Почетокот на концертот е закажан за во 20:00 часот, а билетите по цена од 200 денари се во ограничен број. Билети може да се резервираат на телефонскиот број 075/895-405 и ќе можат да се подигнат на влез, еден час пред почетокот на концертот.