Skip to main content

Големата измама

Евтин пар очила за сонце од аптека не се најлошто нешто во светот…

 |   | 
glases
glases

Тргнувајќи од тоа дека сите се прават во иста фабрика, па се до фактот што не нудат ништо подобра заштита од поевтините, дизајнерските очила се залудно фрлање пари.

glasesРеј-Бан, Оукли, Булгари, Долче и Габана, Салваторе Ферагамо, сите се направени од еден ист производител, италијанската компанија Луксотика, една од најголемите потрошувачки фирми за која сигурно не сте ни слушнале. Оваа компанија ги произведува и очилата од марките: Бурбери, Шанел, Поло Ралф Лорен, Пол Смит, Стела Макартни, Тивфни, Версаче, Воуг, Персол, Миу Миу и Дона Каран.

Во сопственост на Луксотика се и Ленс Крафтерс, Перл Вижн и Санглас Хат. Тоа значи дека очниот лекар, продавачите и дизајнерите на очила работат за истата компанија.

“Очилата од 500 долари не се ништо подобри од оние што чинат 100 долари, освен што изгледаат подобро и имаат познато лого”, вели др. Џеј Дјукер, претседателот на центарот за офталмологија Туфтс.

Други експерти се согласуваат со него и додаваат дека најголем дел од парите одат за брендот а не за стаклото. Тие велат дека правењето квалитетни стакла воопшто не е некоја скапа технологија. За само 40 долари можат да се направат очила кои нудат 100 процентна заштита од ултра виолетови зраци.
chanel
Евтин пар очила за сонце од аптека не се најлошто нешто во светот.

“Главната причина заради која луѓето носат очила е блокирање на регуларната дневна светлина. Од таа гледна точка, поевтините очила си ја вршат работата”, вели др. Реза Дана офталмолог хирург.

{loadposition content9}