Skip to main content

Народен театар Охрид

“Госпоѓа Министерка” од Нушиќ во сабота на репертоарот на Народен театар Охрид 

Претставата ќе се игра во малата сала при охридскиот Центар за култура, со почеток во 20:00 часот.
 |  инфодеск  | 

Претставата „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Благој Мицевски во сабота (11.05.2024 ) повторно на репертоарот на Народен театар Охрид во  НУЦК „Григор Прличев“.
Играат: Биљана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Павел Маслов, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Филип Кипровски. Претставата ќе се игра во малата сала при охридскиот Центар за култура, со почеток во 20:00 часот.
Карти во продажба на билетара по цена од 250 денари.