Skip to main content

Граѓаните најмногу и веруваат на телевизијата

Телевизијата останува медиумот од кој граѓаните најмногу се информираат за политичките случувања во земјава, покажа анкетата спроведена од страна на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

logo

Во предворјето на најавените предвремени парламентарни избори, кои и власта и опозицијата ги сметаат за исторски и одлучувачки, се чини дека повторно партиите завземаат рововска позиција преку медиумите.

Последното истражување на јавното мислење во Македонија, посветено на начинот и довербата на граѓаните за целосна имплементариција на договорот од Пржино, спроведено од страна на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), во однос на тоа како и од каде граѓаните се информираат за политичките случувања во земјава, покажа дека  Телевизијата останува медиумот од кој граѓаните најмногу се информираат за политичките случувања во земјава. За само една година се забележува зголемување на индексот на доверба на граѓаните кон телевизијата од шест проценти. Моментално, телевизиите со учество од 87% и натаму остануваат клучен извор за информирање на граѓаните.

Индексот на доверба пак кај интернет порталите, како медиум од кој исто така македонците добиваат информации за политичката слика во земјава, во период од една година бележи пад од два проценти. И покрај големиот број портали, анкетата покажа дека најмногу од испитаниците,  22 проценти се информираат за политичките збиднувања преку Фејсбук.

Истражувањето на ИРИ е направено на репрезентативен примерок од 1106 испитаници на различна возраст преку интервјуа лице в лице од 29 септември до 5 октомври 2015 година.