Skip to main content

Гучи дели откази поради малтретирање на работници

Италијанската модна компанија “Гучи“ отпуштила некои од раководителите во Кина, кога тамошните медиуми откриле случај на малтретирање на работници во една од нивните продавници во Шенџен.

 |   | 
gucci
gucci

Италијанската модна компанија “Гучи“ отпуштила некои од раководителите во Кина, кога тамошните медиуми откриле случај на малтретирање на работници во една од нивните продавници во Шенџен.
gucci
Во отвореното писмо до кинеските медиуми, пет поранешни работници во една продавница напишале дека морале да работат без надомест по истекот на работното време, како и од свој џеб да плаќаат за секој украден артикл.

Во писмото, во кое се наведува дека “во блескавите фустани на Гучи има многу вошки“, работниците напишале дека тие морале да бараат дозвола за пиење вода и одење во тоалет.

Таа пракса отишла толку далеку што некои од работничките кои биле бремени имале и спонтан абортус, навеле тие во писмото.

Компанијата “спровела детална истрага и преземала серија мерки, вклучувајќи и отпуштање на високи раководители поврзани со случајот и заменици на директори на продавниците“.

Модната компанија наведува и дека нејзините консултанти поради овој случај ја анализираат целокупната нивна работа во Кина.

{loadposition content9}