Гета и во Охрид со роботите Kryoman
Мегапопуларниот ди-џеј Дејвид Гета и на настапот во Охрид ќе биде придружуван со визуелните ефекти на добро познатите Kryoman Robots.
Како што се ближи 1-ви август, привршуваат подготовките за настапот на најдобриот ди-џеј и продуцент на денешницата, Дејвид Гета.
Гета во Охрид на стадионот „Билјанини извори“ пристигнува со десетчлена техничарска екипа, која ќе се грижи за аудиовизуелниот дел, а плус најавен е и еден од најбараните аниматорски тимови – Kryoman Robots, тимот кој што повторно е собран специјално за турнејата на Гета „David Guetta Summer Tour 2011“. Овој тим поседува посебни одела направени од последната генерација на led-диоди, со мултифункционални ефекти кои се користат во текот на шоуто, дополнително „вооружени“ со специјални ласери.
{loadposition content9}