Хан доаѓа повторно да „притисне“
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ќе се обиде да ја убеди опозициската СДСМ да учествува на изборите. Затоa во февруари повторно ќе дојде во Скопје со план од три точки, најавуваат од неговиот кабинет во Брисел за Нова тв.
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ќе се обиде да ја убеди опозициската СДСМ да учествува на изборите. Затоa во февруари повторно ќе дојде во Скопје со план од три точки, најавуваат од неговиот кабинет во Брисел за Нова тв.
Хан е сериозно загрижен што изборите се распишани без согласност на опозицијата откако партиите не се договорија во петокот во негово присуство. Но е збунет од опозицијата која одбила избори на петти јуни на предлог на ВМРО-ДПМНЕ.
Хан бил зачуден и што СДСМ не инсистира на реформите што ги содржи извештајот на Прибе и на кои инсистира ЕК Но Европската Комисија е свесна за ризиците на кои е изложена Македонија и затоа го испраќа Хан во Скопје во нова мисија. Според Нова, тој ќе се обиде да издејствува да се одржат избори кои ќе бидат кредибилни.
Неговиот план предвидува :
1. Целосно прочистен избирачки список и зајакната државна изборна комисија
2. Непречен пристап на опозициските партии до сите медиуми и набљудувачи на СДСМ во Агенцијата за аудио-визуелни медиуми
3. Проверка на подготовките на изборите од ЕУ, ОДИХР и НВО
Но мисијата на ОБСЕ ОДИХРпо овие најави на Хан дека ќе учествуваат во подготвката на изборите во Македонија, денеска се оградуваат и велат дека нивната мисија е исклучиво набљудувачка. Од ОДИХР во Варшава најавуваат во следните недели дека ќе пристигнат набљудувачите, но нема да гарантираат какви .ќе бидат изборите.
Ова е ретерирање на ОБСЕ ОДИХР откако уште минатиот четврток во соопштение побараа изборите да се одржат на 24 април како што стои во договорот во Пржино. Оттаму подготовките на изборите по се изгледа ќе ги следи само еврокомесарот Хан и од Брисел уверуваат дека ако утврди дека има каков било проблем тоа отворено ќе биде кажано.
Европската комисија ја остава отворена можноста за одржување на избори со учество и на опозицијата. Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ вели дека ЕУ во февруари ќе го истражи постигнатиот напредок околу Избирачкиот список.