Skip to main content

Хан: Новата влада нема да биде признаена доколку нема фер избори

Партиите не итаат со реакции за разочараноста на евро-комесарот Хан од нецелосното почитување на Договорот од Пржино. Или молчат или ја префрлаат одговорноста на другата страна, пренесува „Телма“.

han

Партиите не итаат со реакции за разочараноста на евро-комесарот Хан од нецелосното почитување на Договорот од Пржино. Или молчат или ја префрлаат одговорноста на другата страна, пренесува „Телма“.

Од владеачката ВМРО ДПМНЕ велат дека сакаат оваа криза да заврши и земјата конечно да излезе од деструкцијата и заложништвото. Уверуваат дека изборите се единствениот излез за враќање на вистинските патеки и за работење на проекти кои навистина ќе бидат од полза на граѓаните.  Лидерот Никола Груевски во телевииско интервју повтори дека уште лани е договорено оваа пролет да има предвремени избори.

hanВладеачката ДУИ има слично и непроменето мислење: на 5-ти јуни треба да има избори. Велат дека изборите се дел од Договорот во Пржино и тоа треба да се почитува.

И СДСМ останува на своите позиции: нема услови за предвремени избори. За нив, власта претставува корумпирана група која ја краде волјата на народот, ги гази сите човекови и граѓански права и директно е одговорна за пропаѓањето на Договорот од пржино.
Евро-комесарот Јоханес Хан изјави дека последните настани ги загрозуваат веќе закажаните избори. Предупредува дека Европа нема да признае Влада избрана на некоректни избори.

Хан апелираше партиите да се вратат на преговарачката маса. Остави можност самиот тој и европратениците уште еднаш да посредуваат меѓу четирите партии, за да помогнат земјата да ја задржи евро-атлантската перспектива.