Хан „твитна“ дека повторно доаѓа во Скопје
Јоханес Хан се враќа во Скопје во Фебруари за да го провери напредокот во поглед на решавањето на политичката криза.
Јоханес Хан се враќа во Скопје во Фебруари за да го провери напредокот во поглед на решавањето на политичката криза.
Еврокомесарот на својот Твитер профил напиша дека потребно е да се убрзаат работите. Во серија пораки Хан го повторува официјалниот став кој го објави комисијата, додавајки дека „конструктивна соработка е потребна од сите партии за осигурувањее на фер и демократски избори и ги поздравува, како што пишува првите чекори на опозицијата за да остане вклучена.
Во меѓувреме Европратениците Едвард Кукан и Ричард Ховит заедно со известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл идната недела ќе се состанат, брифираат дипломатски извори за 24 Вести. Се шпекулира дека Хан можеби ќе им се придружи на средбата но за тоа нема официјална потврда од Брисел. Според достапните информации, тројцата европратеници кои беа вклучени во создавањето на пржинскиот договор ќе разговараат за спроведувањето на договореното и новонастанатата ситуација, имено закажаните избори на 24 Април без согласност од опозицијата и одбивањето на СДСМ да учествува на овие избори, како и повлекувањето на опозициските министри на 24 февруари доколку не се помести датумот.
Официјално од делегациата на Ервропската унија порачаа дека пржинскиот договор не е мртов. Евроамбасадорот Аиво Орав фигуративно порача дека политичарите треба да се ангажираат за лечењето на болеста која го зафатила договорот.
Инаку точниот датум кога Хан ќе дојде во Македонија, допрва треба да се утврди а се шпекулира дека со себе ќе донесе план од три точки: за чиста изборна листа, непречен пристап до сите медиуми на опозициските партии и проверка на напредокот во подготовката на изборите.