Џорџ Клуни е геј, па затоа не сака да се ожени. Ова се коментарите и озборувањата на странските медиуми за најпосакуваниот маж Џорџ Клуни.
Се коментира дека Клуни врските со жените ги користи за имиџ на заводник кој успешно поминува во Холивуд. Откако тој ја прекина две годишната врска со Елизабета Каналис која се очекуваше таа да биде озаконета, медиумите во САД постојано ја ставаат под знак прашање неговата сексуална определба. Добриот пријател на Клуни, бизнисменот Мануел Маленоти, по ваквите озборувања побрза да го одбрани Клуни.
„Знам се за врската на Клуни и Каналис бидејќи јас ги запознав. Тој сакаше да ја запознае Елизабета. Ги запознав но знаев дека ќе прекинат, дека тоа нема да трае. Можам да кажам дека Џорџ одамна реши да не се жени и да нема деца. Нивната љубов беше многу интензивна и не е вистина дека била маркетиншки трик“ вели Маленоти.
Тој за италијанскиот магазин „Chi“ коментира дека го познава Џорџ Клуни десет години и дека многу жени за тоа време поминале низ неговиот живот.
„ Никогаш не се знае што може да се случи, мажите имаат криза на идентитетот понекогаш, но можам да ви кажам дека Џорџ Клуни не е геј“ вели Маленоти.
Шпекулациите за сексуалноста на „недофатливиот“ Клуни од време на време излегуваат на површина и покрај неговиот брак со актерката Талиа Балсам кој траеше 4 години а заврши во 1993та.
{loadposition content9}