На Хајди Клум во САД и забраниле да се сонча топлес
Топ моделот Хајди Клум во шоуто на Џеј Лено раскажала дека во една прилика во Феникс, САД и забраниле да се сонча топлес. Наводно гостите се жалеле, па обезбедувањето интервенирало.
Хајди Клум (38), на славниот водител му објаснила дека сака да се сонча топлес оти ги мрази белите линии од бикинито. Но, заклучила дека Американците имаат помалку разбирање за сончањето топлес од Европјаните.
Манекенката и мајка на четири деца се сончала топлес покрај хотелски базен во Феникс кога и пришол еден од вработените и побарал да ги покрие своите гради.
Нерадо го послушала вработениот во обезбедувањето, но кога си заминал, повторно се соблекла топлес.
-Се врати по втор пат и рече дека некои гости се жалат, па ќе мора да ме избрка од базенот ако не се облечам – рекла Хајди, која по втор пат го послушала.
Сепак, откако малку размислила, заклучила дека барањето е претерано па повторно се соблекла.
{loadposition content9}